Во текот на вчерашниот ден 08.09.2021 година, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 561 возач. Од нив, 46 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 233 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 328 надвор од населено место.

На подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на возила и возачи во сообраќајот, при што биле констатирани 34 прекршоци, од кои 15 за управување возило со брзина поголема од пропишаната, а 5 прекршоци за управување возило под дејство на алкохол. Исто така, биле откриени 31 други прекршоци, велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

OhridNews