16,5 милиони денари за еколошки проекти во охридско-струшкиот регион
08.04.08 07:15
Охрид за еколошки проекти од Програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање, ке добие 6.1 милиони денари, дознава Ohridnews.
Дел од средствата ќе бидат наменети за санирање на реката Грашница
Ако на тоа се додадат 4.3 милиони денари кои веќе се одвоени за просторниот план за Охридско преспанскиот регион, како и најавените 4.7 милиони за проекти во Струга и дополнителни 1.4.милиони денари за Вевчани , во регионот со поддршка на Министерството за животна средина во 2008 година ќе се слеат 16.5 милиони денари, вели државниот секретар во Министерството за животна средина, Дејан Паноски.
„Имаме извонредно добар моментум поврзан со финансирање на таканаречени еколошки проекти во Охрид“, изјави за Ohridnews, Паноски. Одобрените средства опфаќаат инвестирање во активности од од кои ќе бараме одговорно и стратешко поставување кон проблемот со отпадот и развивање на еколошките планови, додава Паноски. Од друга страна, вели тој, поддржани се и проекти кои ќе придонесат за конкретно решавање на приоритетните еколошки прашања во Охрид како што се пред се реката Грашница и зачувувањето на Студенчишкото блато. Ако на тоа се додадат интервенциите на водоснабдителните мрежи во Долно Лакочереј и Вапила , можам да го изразам личното задоволство, како и на министерството, за тоа што сме придонеле за Охрид, вели Паноски.
Охриѓани и гостите вечерва уживаа во празничната програма на градскиот плоѓтад кој пулсира во ритамот на забавата Голем број охриѓани и гости го проследија настапот на тин ѕвездата Христијан Настес...
Министерството за внатрешни работи деновиве ги презентираше 120-те нови автомобили „Пежо 408“ со специјална опрема за полицијата Дел од нив денеска се упатија кон Охрид Оваа набавка е дел од планот...
Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи вечерва со почеток 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.