Во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година Општина Дебрца изготви барање за финансиска поддршка за обнова и развој на селата Волино, Слатино, Велмеј, Злести, Издеглавје, Лактиње, Песочан, Црвена Вода, Горно Средорече и Долно Средорече.
Како што информираат од Локалната самоуправа, во рамки на Програмата по претходно барање од страна на Општина Дебрца застапувана од градоначалникот Игор Трајкоски од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одобрени 17.318.400.00 денари.
Со одобрените средства ќе се реализираат проекти за обнова и развој на селата и изработка на урбанистички план за населени места – села, што беше предизборно ветување на градоначалникот Трајкоски, се вели во информацијата на општина Дебарца.
OhridNews