Нападот беше извршен со автомобил-бомба кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон работното место во Собранието на Република Македонија.
И по изминати 17 години, истражната постапка за атентатот е се уште отворена и не е откриено кој стоел зад него.
При атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски. Повреден беше и еден од телохранителите, како и тројца случајни минувачи.
Киро Глигоров, почина годинава на 94 годишна возраст.