170 ученици од основните училишта во Охрид, Струга и Дебрца ги завршија почетните бесплатни курсеви за програмски јазици Scratch, Python, C++, и за WordPress и Microsoft Word, информираат од Касарна Хаб, потенцирајќи дека доделувањето на потврди за учество на ИТ обуките ќе биде во сабота во периодот од 12 до 14 часот во просториите на Хабот.

Визијата на Касарна Хаб е овие обуки да продолжат и понатаму, од септември, за што ќе ве информираме на сите кои сте оставиле емаил, и секако преку ФБ и инстаграм, потенцираат.

Упатуваат благодарност до Macedonia2025 @macedonia2025 кои им биле партнери и ги овозможија обуките, како и до наставничките Горица Дуцкиновиќ, Лизана Зиба и Марија Пупиноска Гогова што се посветиле на обуките и сите деца останале до крај на обуките.

OhridNews

фото. Касарна Хаб