Ракометната репрезентација на Португалија е противник за респект, со која нема да биде лесно да се излезе на крај, но атмосферата во акедонскиот тим е порелаксирана откако се врати Кире Лазаров .

Сите знаеме што значи Кире Лазаров за оваа селекција. Тој е тука и се подготвуваме заедно. Тој ќе и помогне на оваа селекција и останатите репрезентативци треба да му помогнат нему на овие две средби. Португалија е квалитетна репрезентација, која редовно учествува на големите натпреварувања и јасно е дека ќе биде тешко. Но наше е да одиме на победа“, вели в.д. селекторот Темелковски.

Македонија во СРЦ „Кале“, во Скопје ја пречекува Португалија во првиот од двата решавачки меча за првото место во Групата 6, откако двете земји претходно лесно ја совладаа Бугарија.
Победникот во групата ќе се пласира во јунскиот бараж за СП 2009 во Хрватска.

Реваншот се игра во Гимараеш,  Португалија в недела.

Стратегот на црвено-жолтите има главоболки поради повредите на Наумче Мојсовски и Гоце Макалоски, кои во утрешниот дуел нема да влезат сто отсто фит.Влатко Митков нема да пристигне во тимот, затоа што се повредил посериозно и треба да паузира еден месец. Мојсовски се пожали на болки во задната ложа, а Макалоски има проблеми со ‘рбетот.

Средбата во СРЦ „Кале“ ќе се одигра со почеток од 17:45 часот. Судии на средбата ќе бидат Хорват и Мартон (Унг).

OHRIDNEWS