Според ресорниот министер, донесени се одлуки со кои ќе им се помага на децата израснати без родителска грижа. „Владата донесе и одлука, со која ќе им овозможи на оваа загрозена категорија граѓани да можат да студираат. По завршување на образованието, на овие деца ќе им се доделат станови.“ – изјави Ставрески.
Инаку во своето обраќање пред штитениците на Домот „11 Октомври“, министерот најави дека идната година планирано е да се изградат 64 станови наменети за децата без родители.