Хрватскиот тенисер Борна Чориќ сензационално обезбеди пласман во 1/2 финалето од мастер турнирот во Дубаи победувајќи го Енди Мареј со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).


Третиот тенисер на светската АТП листа покажа голема инфериорност во дуелот со Чориќ, кој на теренот делуваше мошне сигурно.

За младиот хрватски тенисер ова е втор пласман во полуфинале од АТП турнир, а прв во Дубаи.


Во полуфиналето Чориќ ќе се сретне со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Рожер Федерер и Ричард Гаскет.

Мх.П.