На италијанскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Карло Анчелоти му беа доволни 18 месеци да си обезбеди место во историјата на „кралскиот“ клуб.


Тој за толку кратко време успеа да освои четири трофеи (Лигата на шампиони, Светското клупско првенство, Супер купот на Европа и Копа дел Реј), што досега го нема направено никој друг во Реал мадрид.

Честитка за подвигот на Анчелоти стигна од првиот човек на клубот Флорентино Перез, кој го спореди со Сер Алекс Фергусон поранешниот манеџер на Манчестер Јунајтед.

Три пехари за три години во витрините од Сантијаго Бернабеу донесе Жозе Мурињо, но тој веќе е заборавен од навивачите кои сега со цело срце го поддржуваат Анчелоти.

Мх.П.