На 14.08.2022 година во периодот од 15.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли, информираат од МВР.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 92 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење. Од нив во Охрид-18, Струга-22, Кичево-47, Дебар-05, велат од МВР.

Додаваат дека засилените контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

OhridNews