Близу 2000 американски ретки монети кои колекционер од Мисури ги собрал пред половина век, биле продадени на аукција во Њујорк за вкупно 23 милиони долари. Од аукциската куќа Хертиџ било соопштено дека пензионираниот адвокат Ерик П. Њумен почнал да собира монети од триесеттите година на минатиот век и дека тогаш вкупната нивна вредност била 7500 долари.
Потпретседателот на Хертиџ Џим Хелприн рекол дека американски сребрен долар од 1795 година во добра состојба бил продаден за повеќе од 910 илјади долари, и дека еден од 1799 година била продаден за 822 илјади долари на онлајн аукција. Тој истакнал дека ретка монета од 1796 година била продадена за 1,5 милиони долари, а дека Њимен го платил само 100 долари.