На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 19-годишно лице од с.Велешта, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.

OhridNews