Вечерва, 24 јули, 1Тв можеби го емитуваше последниот Дневник. Ова го кажаа водителите на централниот дневник на 1Тв Кристона Атовска и Елана Џугуманова.

1ТВ беше мета на неосновани напади, шпекулации и лажни вести со цел да се дискредитира новинарскиот кадар. Лажните вести, можат да бидат интересни за одредени центри на ден-два, но останува поголемата слика. А тоа е дека 1ТВ во иднина може да биде медиум за остварување на професионалните планови на постоечките но и идните генерации на новинари. Целиот новинарски кадар на 1ТВ е горд што покажа и докажа пред македонската јаност дека дури и на своја штета постојат луѓе кои ги бранат новинарските стандарди и новинарската професија. Начинот на кој телевизијата известува за случајот „Рекет“ е позитивен преседан во македонското новинарство. – велат од телевизијата.

Иднината на медиумот, кој започна со емитување програма во март 2018 година е доведена во прашање. Да се надеваме, дека ова не е одјава, туку свеж почеток за рестартирање на 1ТВ. – порачаа водителките на вечерашниот Дневник на 1Тв.

OhridNews