Пред две години, во декември ова време, со работа почна INclusive disco, со што започна успешната приказна на дискотеката која денес е препознатлив белег на ноќниот живот во Охрид.
Зад INclusive disco се голем број незаборавни журки со некои од најдобрите артисти од земјава и регионот на кои уживаа илјадници задоволни домашни и странски посетители.
INclusive диско изминатите две години прерасна во препознатлив бренд и неодминлив дел од ноќниот живот на Охрид.
По повод вториот роденден, вечерва до диско INclusive се случува голема забава на која се поканети сите со позитивна енергија.
Пред нас е Нова Година, и нов предизвик заедно да напредуваме, со истата енергија во ритамот на ноќниот живот на Охрид! – велат од INclusive disco.
OhridNews