Фудбалерите на Охрид Лихнидос продолжуваат со одличните настапи во Втората македонска фудбалска лига. Во рамки на 8. коло, охриѓани славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 2:0.

Охрид поведе во 44. минута, кога Росиќ ја затресе мрежата на домаќините за водство од 0:1.

Во продолжението, Охрид продолжи со сигурна игра, а во 81. минута Каланоски го постигна вториот гол и ги постави конечните 0:2.

Со новите три бода, Охрид останува на првото место на табелата со 19 бодови, пред Работнички, Пелистер и Брера. Конкурентите за врвот имаат одиграно еден, односно два натпревари помалку.

Во останатите натпревари од 8. коло се постигнаа следните резултати:
Еуромилк – Новаци 0:0
Тетекс – Детонит 2:0
Работнички – Шкупи 4:0

Денеска од 18:00 часот се игра натпреварот Пелистер – Осогово, додека утре на програмата се Камењане – Кожуф и Брера – Беласица.

OhridNews