Сите љубители на квалитетна комедија ќе имаат прилика да се смеат и расположат буквално до крајот на годината. На 29.12.2013, недела и 30.12.2013, понеделник во кабаре клубот Jazz Inn со почеток од 21:00 охриѓани премиерно да го проследат кабарето “2 Mothers brothers” на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Ова е проект на двајцата охридски актери кој трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки и секако основа на се е комедијата.
Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top по промотивна цена од 150 ден. во предпродажба и 200 ден. на влез на денот на изведбите. Mестата се ограничени.
OhridNews