Динамичното дуо 2 Mothers Brothers (или од Две мајки Браќа) во чиј состав се познатите охридски актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, кое на македонската публика и е добро познато со својот комичен, кабаретски материјал, на 26- ти март, сабота ќе настапи во Франкфурт. Настапот ќе се одржи во Saalbau Gutleut во 19:30 часот.

– Ова е мое трето гостување во Франкфурт. Досега бев два пати со моите стендап шоуа и сега за прв пат одиме заедно со Стрезо со нашето кабаре. Морам да кажам дека претходните два пати бев дочекан одлично и атмосферата беше прекрасна. Се надевам дека и овој пат публиката ќе ужива во нашето кабаре. Исто така морам да им се заблагодарам на сите од македонската заедница во Франкфурт, а посебно на нашиот сограѓанин Петар Панов кој ја презеде иницијативата за организирање на ваквите културни настани, изјави актерот Никола Тодороски.

По настапот во Франкфурт Никола и Стрезо ќе настапат и во Скопје на 30.03.2016 во Кино Фросина со почеток во 20:00 часот. Билетите за тој настан можат да се купат во продажната мрежа на mktickets.mk

OhridNews