Животот во Каталонската престолнина почна да се буди по почетната заспаност . По неуверливиот старт Барса нанижа три победи во серија и тоа без Роналдињо во составот кој наводно беше повреден. Штудгарт во првите осум кола има четири порази и алармот е запален во редовите на `швабите`.Но сите добро знаете што значи натпревар во Лига на Шампиони посебно против Барселона .
   
И покрај сите очекувања Лион не покажа практично ништо,додека Pенџерси славеа со пресврт против Штудгарт.Французите се далеку од ланскта форма но се уште се големи фаворити во пресрет на дуелот .

Ѓаволите на Олд Трафорд ја пречекуваат волчицата во реприза на минатогодишното четврт финале кое им буди пријатни сеќавања и блажена насмевка на навивачите на Јунајтед. За Манчестер на голот ќе го нема холандскиот репрезентативец Едвин Ван Дер Сар додека по дебаклот на Олимпико во дербито против Интер ,Рома ќе се вади во Англија .


Само да не е ланскиот филм од Манчестер – Тоти

Судирот помеѓу Динамо и Спортинг треба да го даде прашањето кој ке заврши на третото место во групата.Двете екипи беа порзени на стартот. 

Долго време ја чекаше шансата Манчини да му се реваншира на Куман за голот во првото финале од новиот формат на Лигата на Шампиони кога Барса со голот на Куман ја совлада Сампдорија во финалето на Вембли. Поразот во тоа финале беше најлошиот ден во мојот живот .Цели 4 години во мојот живот се сеќавав на тоа,прво бидејќи беше финале ,потоа што играв за малата Сампдорија –вели Манчини .
    
Осоколени по победата над Интер во првото коло Турците патуваат во Русија на дуелот со ЦСКА Москва .

Лидерот во Англискиот шампионат Арсенал патува на исток во Романија на дуелот против Стеауа.Над вицешампионот од 2006 се уште виси духот на Анри ,од кого полека топџиите се ослободуваат.Стеуа е единствениот романски клуб со наслов европски првак (1986) но денешната генерација на фудбалери е далеку од славната генерација . По мешањето во работата на преседателот на клубот тренерската позицја ја напушти Георге Хаџи .  
     
Деби во елитата Севиља на домашен терен ке има против уште еден дебитант во Лигата Славија од Прага .За очекување се лесни три ако се има во обзир тоа што Севиља на домашен терен во последните 14 натпревари загуби само еднаш .
 
Вечерва 20.45 Е група  Штудгарт – Барселона , Лион – Ренџерс , Ф Група Манчестер – Рома .Динамо  – Спортинг  ,Г група Интер – ПСВ , ЦСКА Москва – Фенербахче , Х Група Стеауа – Арсенал , Севиља – Славија

П.С. Како што стојат работите охриѓани ке мора по дома да ги проследат мечевите од лигата на шампиони , со што ќе се врати сјајот на спортската среда. Да се надеваме дека терминот 20.45 е слободен бидејки одамна тој термин во домовите го запоседнаа “очајните “ домаќинки.

  [email protected]