Денес се одбележуваат дваесет години од донесувањето на првиот Устав на независна, суверена и самостојна Република Македонија. По тој повод ќе биде одржана седница во Собранието  на која ќе се обрати претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски.

Уставот на РМ е највисок правен акт во земјата. Донесен е на 17 ноември 1991 година со 93 гласа и досега има претрпено неколку амандмански промени.

Работниот текст на Уставот го пишуваа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и Лазе Китановски.

Граѓаните на РМ на референдумот одржан на 8 септември 1991 година ја изразија својата волја и го дадоа својот глас земјата да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на земјата.

OhridNews