На крстосницата од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица “Франклин Рузвелт“ во Скопје, утрово во 01.40 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од 22-годишен скопјанец и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од 23-годишно лице.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 18-годишниот сопатник од возилото “Фолсваген голф“, а со телесни повреди се здобила и сопатничка од истото возило, 20-годишна стружанка и уште едно лице кои биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот.
OhridNews