Чилеанците поставија необичен рекорд, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако одиграа натпревар во кој учествуваа најмногу фудбалери. Натпреварот се одиграл во главниот град на Чиле, во квартот Ла Флорида, траел 120 часа, а на теренот продефилирале 2.357 луѓе. Најголем дел од фудбалерите биле аматери, а пред самиот крај во поставувањето на рекордот учестувале и професионални играчи. Натпреварот завршил со резултат 505-504.
OhridNews