Манчестер Јунајтед – Челси е првото се англиско финале во лигата на Шампиони. Десет дена по завршувањето на Премиер лигата, островскиот ривалитет добива евро димензија. Двојните освојувачи на Англискиот шампионат во последните четири години вечерва на Лужники се во мисија “освојување на Европа“.Противникот на Манчестер во финалето е добро познат, но за Челси ова е пат во непознатото. Биографијата на лондонските сини е неспоредлива со онаа на црвените на спортивната страна, но ова е прилика конечно сините да влезат во историјата на фудбалот, кој и тоа како се промени со влегувањето во него на Роман Абрамович.










