Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!
Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанската војна.
Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност.
Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина… На 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Но, поради противењето на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Денес Македонија е призната под уставното име од 116 од вкупно 160 земји кои ја признаа независноста на нашата држава. Меѓу нив се и три постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија и Кина.
Од прогласувањето на независноста Македонија мина низ многу турболентен период, а најкритична беше 2001 година кога земјата се соочи со внатрешен конфликт кој беше надминат со потпишување на Охридскиот рамковен договор, кој пак денеска е преточен во Уставот на земјата.
На заседанието на ЕУ во Загреб во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, но поради спорот со името наметнат од Грција, земјата се уште не добила датум за преговори со унијата.
Денот на независноста на Република Македонија ќе биде одбележан со бројни свечености и манифестации, a по повод празникот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје вечерва ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапат познати музички ѕвезди од земјава и Балканот.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.