На петнаесетина дена пред стартот на “Охридскиот маратон” (18 јули) до организаторот ПК “Охридски бранови” од Охрид пристигнати се точно 21 пријава, од кои 15 кај мажите и 6 во женска конкуренција. Кај мажите листата ја предводи Петар Стојчев од Бугарија, заедно со уште 8 странци (Ц. Јорданов – Бугарија,Д. Блаум и Г. Вилагоиз – Аргентина, Ж. Хедел – Франција, В. Родолфи, М. Алберицо, Џ. Фонтанеси и Е. Сточино сите од Италија).
Од домашните маратонци пријавени се Стефновски, Стојановски, Поп Ацев, Димовски, Мирачевски, и Н. Кутаноски.











