Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 22 литри дожд на метар квадратен.
Поради поголемата количина дожд повторно беше оптоварен канализициониот систем, па реки вода течеа низ стариот дел на градот, чаршијата и улиците во Охрид.
Најмногу дожд до осум часот утрово наврнал во Куманово, каде се измерени 52 литра на метар квадратен, на Попова Шапка 47 и 42 литра во Тетово.
УХМР за денеска најавува претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
OhridNews












