В Недела во водите на Охридското езеро ќе се одржи 25. Меѓународен Охридски Пливачки Маратон.

 

Традиционалниот Охридски пливачки маратон, 9-ти и последен во Гранд При 2011 серијата на Меѓународната пливачка федерација, ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. 


На патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид, во должина од 30км. ќе се натпреваруваат вкупно 22 пливачи од десет земји во светот, и тоа 12 во машка и 10 во женска конкуренција. Во водите на Охридското езеро листата на пливачи ја предводи деветкратниот победник Бугарниот Петар Стојчев, кој е водечки на Светската ранг-листа, пред Италијанецот Андреа Волпини.

Тој за прв пат настапил во далечната 1993 година и ова за него ќе биде 18 -ти настап на маратонот.- Очекувам  победа , Охрид е прекрасен го сакам езерото и очекувам добра и брза трка – рече деветкратниот победник Петар Стојчев.

Македонската експедиција која брои пет члена и тоа сите во машка конкуренција ја предовди Евгениј Поп Ацев кој е трето пласиран на светската ранг листа , за задржување на оваа позиција во генерален пласман ќе се бори со Аргентинецот Гилермо Бертола.

Покрај Поп Ацев ќе пливаат уште Томи Стефаноски, Александар Илиевски, Дејан Младеновски и Александар Панчевски.

Листата кај дамите ја предводи водечката во генералниот пласман аргентинката Гељо Пиљар, а тука е и победничката од ланското издание Карла Ситиќ од Хрватска.

Охридскиот маратон чиј фонд годинава изнесува 25 илјади долари го организира пливачката федерација на Македонија а технички организатор е клубот за спортови на вода охридски Бранови од Охрид.

По стартот во Св. Наум во 12 часот, до целта на градското пристаниште маратонците ќе поминат низ вкупно 12 контролни точки. За регуларноста на трката ќе се грижат 13 судии, а за беспрекорната организација ангажирани се 7 хидро глисери и 40 кајчиња за пратење и контрола.

M.П.