23-годишен охриѓанец нападнал и претепал сограѓанин и го демолирал неговото возило. Пријавениот, казненото дело го сторил на 22 минатиот месец во 23 часот и 40 минути на булевар „Туристичка” во Охрид.

– Тој, со употреба на звучни сигнали успеал да сопре патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски таблици управувано од лице од Охрид. Пријавениот, со раце и нозе започнал да удира по каросеријата од возилото, а потоа го скршил стаклото од задната шофершајбна. Во момент на силна агресивност, пријавениот ја отворил предната лева врата од возилото и физички го нападнал возачот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и стомакот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  
    
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето.

OhridNews