Вчера околу 20.30 часот,  во Градскиот парк  во Скопје неколку непознати лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 23- годишен охриѓанец и 19- годишно лице од Скопје, нанесувајќи им видливи повреди, при што им одзеле два мобилни телефони, документи и 200 денари.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

OhridNews