Дваесет и три кандидати на ниво на СВР Охрид, денес ќе го отпочнат процесот на полагање за полициски службеници. Полагањето ќе се реализира на плоштадот „Крушевска република“, на кружниот тек на кејот „Маршал Тито“ и на градскиот пазар во Охрид.

Како што информираат од СВР Охрид, кандидати го започнуваат првиот испитен модул поврзан со мерки за заштита на јавниот ред и мир.

Испитниот процес е поврзан со познавање на теренот и безбедносните состојби, преземање превентивни мерки, забеле- жување и препознавање на нарушувања на јавниот ред и мир, проценка на безбедносната состојба и правилна интервенција, соработка со колеги, со граѓани и надлежни служби, дејствување за помош на граѓаните и по други параметри.“ – информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Полагањето на првиот испитен модул на кандидатите за полициски службеници, ќе го оценуваат шест оценувачи од различни сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи.

OhridNews