
Пријавениот, казненото дело го сторил на 31 август годинава во 15 часот и 35 минути на крстосницата за „Еурохотел“ на магистралниот пат Подмолје-Струга. Тој, управувајќи патнички автомобил „Пасат“, предизвикал сообраќајна незгода со неотстапување првенство на минување на моторцикл марка „Хонда“ управуван од жител на струшкото село Биџево. Истиот веднаш бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди.
OhridNews











