Иако осигурителниот сектор во земјава е еден од најмалку развиените на ниво на Европа, сепак последните години во овој сегмент се забележува фаза на диманичен развој.
Во земјава постојат 15 друштва за осигурување, од кои 14 се дел од европски осигурителни групации. Покрај нив, тука се уште 23 осигурителни брокерски друштва, 9 друштва за застапување во осигурување, преку 700 осигурителни агенти, 350 брокери и над 1500 лица вработени во овој сектор.
„Во услови кога во светот владееше финансиската криза и сега кога се чувстуваат нејзините последици, имаме фаза на динамичен раст и развој во осигурителниот сектор. Во земјава постоја 15 друштва за осгирурување, од кои 14 се дел од европски осигурителни групации.Тоа укажува дека имаме силно присуство на странски капитал во делот на овој сектор, односно странските инвеститори препознаваат дека во Република Македонија постои голем потенцијал за водење на ефикасни бизниси.“ – изјави директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување, проф. д-р Климе Попоски, при отворање на XII Меѓународна научна конференција за услужен сектор, што викендов се одржа во организација на Факултетот за туризам од Охрид.
Статистичките податоци од последните две години говорат дека Македонија има најдинамичен развој на овој сектор споредено со земјите од централна и југо-источна Европа.
„Просечната годишна стапка на раст на пазарот на осигурување за 2013-та година е веќе преку 6 отсто. Во делот на животно осигурување, пазарот бележи раст од 25 проценти. Подинамичен раст на пазарот на осигурвање на живот не е забележан не само во земјите од централна и југо-источна Европа, туку на целото европско тло. сите оние инвеститори кои што до сега се јавиле во оваа сфера се задоволни, а во иднина очекуваме нови инвестиции токму во делот на осигурителната индустрија.“ – додаде Попоски.
O.T.