На охридскиот пливачки маратон, кој ќе се одржи наредниот викенд, ќе учествуваат 16 натпреварувачи во машка и десет во женска конкуренција.


Еден е од главните фаворити е  Бугаринот Петар Стојчев кој до сега има осум триумфи во Охрид, а меѓу главните ривали за нов триумф ќе му биде водечкиот во генералниот пласман  Аргентинецот Дамиен Блаум и како и неговиот сонародник Габриел Вилјагоис. Листата ја заокружуваат Германецот Александер Стуѕински, како и италијанските маратонци Андреа Волпини и Родолфо Валенти. За првпат ќе има двајца пливачи од Грција.


Кај дамите, како прва фаворитка фигурира Шпанката Естер Нуњес Морера, потоа Аргентинката Антонела Богарин. Други позвучни имиња се нејзината сонародничка Маријанела Мендоса и Италијанката Николета Симонаци.

Македонија ќе ја претставуваат Александар Панчевски, Александар Илиевски, Дејан Младеновски и Евгениј Поп Ацев , како и Марјан Мирчевски од Охрид. Кај жените ќе нема наша пливачка.

OhridNews