Вредноста на загубените метални монети од еден пени изнесува неверојатни 65 милиони фунти, покажале истражувањата објавени во британскиот печат.

Во студијата се истакнува дека 26 милиони фунти во кованици од по еден пени лежат по одводите на канализацијата и по тротоарите ширум Велика Британија.

Скоро 11 милиони фунти се заборавени по ташните, 8 милиони по колите, а 6 милиони под перничиња на троседи и фотељи.

Голема количина париња од еден пени се наоѓаат и на други места, загубени и заборавени од луѓето кои не обрнуваат внимание.

Во британската ковница за пари „Ројал Минт“ проценуваат дека преку 6 ипол милијарди ситни пари од еден пени исчезнале од нивното пуштање во промет во 1971. година. Тоа е 38 отсто од вкупната количина произведени пени.

С.К.