Имено, вчера, околу 8 часот на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Жеровјане, полицијата го запрела товарното возило, а при прегледот, под совозачкото седиште пронајдени биле 26 пасоши и 75 маркици за добиток. Пронајдените маркици и пасоши со потврда се одземени поради сомнение дека се фалсификувани, а лицето било приведено и повикано на разговор во СВР Тетово. По извршениот разговор било пуштено да си оди.
Се утврдува дали пронајдените пасоши се валидни, дали биле злоупотребени и која била намената на маркиците. По испитување на случајот ќе следуваат соодветни мерки.