Вечерва протестот на поголеми групи млади лица во Ѓорче Петров ескалираа во судир со полицијата која употреби солзавец за да ја спречи толпата да се пробие кон Сарај и кон Нерези, јавува „Телма“.

Горат контејнери, искршени се стаклата на една обложувалница „Сенатор“, повеќе лица се влезени внатре, фрлаат работи и предмети од внатрешноста. Насилната група брои неколку стотици лица.  Во протестите има и повредени, но не се знае нивниот број.

Како што информираат од МВР, до овој момент приведени се 27 лица и тоа 16 во ПС Кисела Вода и 11 во ПС ОН Карпош. Против нив, по целосно документирање на делата ќе следуваат соодветни пријави.

Покрај оштетените осум возила на Министерството за внатрешни работи, на повреди кои не се од сериозен карактер, се пожалиле и девет полициски службеници.

Протестот започна релативно мирно околу 18 часот, а ескалираше по 2 до 3 часа. Полицијата на протестите се појави и со оклопни возила, а претходно медиумите известија дека полицајците употребиле шок бомби и солзавец.

Инаку, протестот е организиран во знак на револт поради убистсвото на младиот матурант Ангел Петковски, што се случи вчера.

OhridNews

извор: „Телма“