
Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност. Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

На 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас го потпишаа Преспанскиот договор кој го парафираше посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година, со кој земјата се преименува во Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, ќе се согласи официјалниот јазик на државата да се именува како македонски јазик и нема да го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.
Денот на независноста на Република Македонија ќе биде одбележан со бројни свечености.
OhridNews












