На јубилејното 20-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2025“ ќе учествуваат 29 екипи распределни во 8 групи.

На турнирот пријавени се исклучитечно силни екипи што е добра најава за натпреварите кои претстојат.

Распоред на групи на турнирот Велгошти 2025:

Група А:

1. Кафе бар 9

2. Дооел Ноче

3. Фурна Настоски и Форт кафе

4. Гранит X

Група Б:

1. Бел Мерцедес

2. Екстра Скопско

3. Кафе бар Коко

4. Типлери

Група Ц:

1. Чардак Велгошти

2. Ресен

3. Хотел Тино

4. ФК Куршум Лакочереј

Група Д:

1. Стоматолошки центар Др. Баткоски

2. Аце Најдески

3. Бурекџилница Гока

4. Ресорт Бате Боле

Група Е:

1. Кибо Пласт

2. Топлина

3. Гостилница Кај Мече

4. Македонија

Група Ф:

1. АСП-ПАК

2. Мартиник Мебел

3. Ад Галеб

Група Г:

1. Сатеска

2. Беневенто

3. Вила Мина

Група Х:

1. Инекс Олгица Хотел и Спа

2. БЗ Груп

3. Ферседо Охрид.

Организаторот годинава обезбеди богат награден фонд од 320 000 денари, највисок до сега. Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари.

Покрај овие, ќе бидат доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман на турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2025”.

Минатата година турнирот во Велгошти го освои екипата на Кафе бар 9 која во финалето го совлада Бел Мерцедес со 6:0. Во малото финале, претходно, АСП ПАК со идентични 6:0 ја совлада екипата на Дооел Ноче.

Турнирот „Велгошти 2025“ е поддржан од Општина Охрид и Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.

Традиционално, медиумски партнер на турнирот и оваа година ќе биде Охридњуз.

Г.М.