
– Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.
Претходно Собранието на Република Македонија на 25 јануари 1991 година со акламација ја донесе Декларацијата за независност. Независноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

На 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Грција на брегот на Преспанското Езеро шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас го потпишаа Преспанскиот договор кој го парафираше посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц.

Во меѓувреме Македонија стана 30-та членка на НАТО и оваа есен очекува почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Денот на независноста вио земјата ќе биде одбележан со бројни свечености.
OhridNews












