2535 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување заклучно со 31 март годинава. Од нив, 1210 се жени, а 1325 мажи.
590 лица се регистрирани за невработени во селата во охридската околина, додека 1945 од невработените се со место на живеење во градот Охрид.
Статистиката покажува дека најмногу од невработените имале завршено основно образование или се без образование или 848 пријавени лица, 740 лица се невработени со средно образование, додека со нетпотполно средно образование се 501 лице. Вработување со вишо образование чекаат 69 лица, со високо 348, како и 29 магистри на науки, покажуваат податоците на АВРМ.
Во однос на возраста 571 лице се на возраст над 60 години, 445 се на возраст од 55 до 59 години, 276 на возраст од 55 до 54, 238 од 45 до 49, 236 од 40 до 44, 241 од 35 до 39 години… Вработување над осум години во Охрид, чекаат 433 лица.
Во моментов на електронскиот систем при Агенцијата за вработување во Охрид има 165 слободни работни места.
Н.С.Ј.
Извор. АВРМ