Вкупно 29 илјади пациенти кои имале закажано сецијалистички или друг преглед преку можноста „Мој термин“ не се појавиле во закажаното време, во текот на месец јули, информира на прес-конференција проект-менаџерот на Националниот систем за закажување прегледи „Мој термин“, Милан Аризанкоски, кој повика граѓаните кои не можат да се појават во закажаниот термин, да го откажат преку бесплатниот телефонски број, преку смс порака или преку нивните матични лекари, пренесува „Макфакс“.

– На овој начин се наштетува на концептот на функционирање на националниот систем за електронски евиденции и непотребно се креира нереална листа на чекање, затоа суштински е важно да се почитува времето на другиот, односно пациентот да го почитува времето на докторот и на другите пациенти, но и докторите да го почитуваат времето на пациентите. Доколку не сте во можност да присуствувате на прегледот, Ве замолувам истиот да го откажете. Уште еднаш потсетувам дека термините може да ги откажете на телефонскиот број 15 444 или со праќање на порака кон 144 194 со содржина број на упат“, апелираше Аризаноски.

Во сите здравствени установи низ државата, пациентите преку „Мој термин“ биле примени 15 минути порано или со просечно задоцнување од 10 минути по закажаниот термин.

OhridNews
Извор: „Mакфакс“