Викендов продолжуваат возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, каде што претстои второто коло од новата сезона.

Охридските претставници Чардак Велгошти и Св. Троица 2021 имаат максимален учинок по првото коло, а викендов ги очекуваат нови предизвици.

Чардак Велгошти во недела од 15:30 часот на стадион „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го пречека Напредок 1928 Кичево. Чардак во првото коло оствари убедлива победа од 4:0 и со три бода се наоѓа во горниот дел од табелата.

Св. Троица 2021, исто така во недела од 15:30 часот, ќе гостува кај Кравари. Ова ќе биде дуел на две екипи кои во првото коло забележаа победи. Св. Троица 2021 сезоната ја започна со убедлив триумф од 4:0 и освои три бода.

Натпревари – 2. коло

19.09.2026  15:30

Крошу Спорт – Преспа

20.09.2026 15:30

Демир Хисар – Влазрими Ј 1977

Чардак Велгошти – Напредок 1928 Кичево

Могила 2023 – Баир Спорт

Напредок Ношпал – Караорман

Кравари – Св. Троица 2021

Табела

1.  Кравари – 3

2. Св. Троица 2021 – 3

3. Чардак – 3

4. Напредок – 3

5. Караорман – 3

6. Баир Спорт – 1

7. Крошу Спорт – 1

8. Влазрими Ј 1977 – 0

9. Могила 2023 – 0

10.Демир Хисар – 0

11. Напредок Н. – 0

12. Преспа – 0

13. Влазними – 0