Возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5 продолжија со натпреварите од 5. коло, во кое екипите на Чардак и Света Троица 2021 забележаа убедливи победи.
Чардак го совлада Демир Хисар со 4:2, во натпревар со шест постигнати голови. Речковски беше двоен стрелец, погодувајќи во 34. и 61. минута. Блажески се запиша во листата на стрелците во 36. минута, додека Бакулески погоди во 58. минута, за убедлива победа на Чардак.
Убедливо издание имаше и Света Троица 2021, која го совлада Баир Спорт со 4:0. Угриноски го отвори резултатот во 10. минута, а во 50. минута повторно ја затресе противничката мрежа. Бимбилоски во 55. минута ја продолжи серијата голови, додека Кумановски во 76. минута го постави конечниот резултат од 4:0.
Резултати 5.коло
Демир Хисар – Чардак Велгошти 2:4
Влазерими Ј 1977 – Могила 2023 0:0
Напредок 1928 Кичево – Напредок Ношпал 2:1
Преспа – Кравари 1:2
Баир Спорт – Света Троица 2021 0:4
Караорман – Влазними 3:2
Табела
1. Караорман – 13 бодови
2. Влазерими Ј 1977 – 10 бодови
3. Напредок 1928 Кичево – 10 бодови
4. Каравари – 9 бодови
5. Света Троица 2021 – 9 бодови
6. Баир Спорт – 7 бодови
7. Напредок с. Ношпал – 7 бодови
8. Чардак Велгошти – 6 бодови
9. Крошу Спорт Битола – 5 бодови
10. Могила 2023 – 5 бодови
11. Влазними – 3 бодови
12. Преспа – 2 бода
13. Демир Хисар – 0 бодови
OhridNews












