Во рамките на 6. коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, Света Троица 2021 и Чардак имаа различен учинок.

На стадионот „Касарна“ во Охрид, Света Троица 2021 одигра 2:2 против Преспа од Ресен, иако имаше убедлива предност по првото полувреме. Угриноски беше стрелец на двата гола во 3. и 40. минута за водство од 2:0. Сепак, гостите во вториот дел успеаја да постигнат два гола и да се вратат во натпреварот, па на крајот екипите ги поделија бодовите.

Чардак Велгошти, пак, доживеа пораз на гостувањето во Струга од Влазними со 3:1. Домашниот состав имаше предност од 1:0 на полувремето, а во вториот дел ја потврди победата. Единствениот гол за Чардак го постигна Валентин Блажески во 83. минута.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Караорман – Баир Спорт 3:0
Напредок Ношпал – Влазрими (Кичево) 2:3
Кравари – Напредок Кичево 3:1
Крошу – Демир Хисар 0:3

На табелата по шест одиграни кола води Караорман со 15 бодови, Света Троица 2021 се наоѓа на четвртото место со 10 бодови, додека Чардак Велгошти е на осмата позиција со 6 бодови.

OhridNews