3 возачи санкционирани за возење под дејство на алкохол во Охрид.

На 18/19.01.2022 година од 21 до 02 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, при сообраќајни контроли на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, констатирале 3 прекршоци, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека возачите се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.