Денеска, со голема и богата целодневна прослава навивачката група „Рибари“-Охрид ќе го одбележи јубилејниот 30-ти роденден.

Охридските навивачи долго време се подготвуваа за роденденот и најавија голем спектакл, кој ќе ги надмине сите досегашни во нашата земја и пошироко.

Прославата почнува во 13 часот на фудбалскиот натпревар Охрид – Кораб. Продолжува во 15 часот кога сите генерации „Рибари“ ќе се соберат пред Чинарот и пеш ќе се упатат до СРЦ „Билјанини Извори“ каде се игра ракометното супер дерби Охрид – Пролет. После завршување на ракометот следува пиротехничко шоу на градското пристаниште.

Бидете дел оваа приказна, бидете дел од „Рибари“ сега и секогаш!

Напред Охрид!

OhridNews