Онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози „Разговори.мк“, им понуди бесплатна стручна помош на жртвите од интернет групата „Јавна соба“ на платформата „Телеграм“.

Нашата мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата “Јавна Соба”. – велат психолозите за иницијативата.

Според првичните информации, над 5000 профили на девојки и жени биле злоупотребени и споделувани во разни експлицитни содржини на посочената група. МВР денеска соопшти дека две лица од Велес и Битола се приведени во врска со случајот.

OhridNews