Заклучно 31 декември истекува рокот за поднесување на барање за паушално оданочување со персонален данок, информираат од Управата за јавни приходи.

Самостојните вршители на дејност, доколку обавуваат самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не се во состојба да водат деловни книги или водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста, имаат право да поднесат Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2013 година да го плаќаат според паушално утврден нето-приход.

За да се стекнат со право за паушално оданочување за 2013 година, покрај тоа што треба да поднесат барање најдоцна до 31 декември 2012 година, самостојните вршители на дејност треба задолжително да ги исполнувате и следните услови: да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари); да не вработувате други лица; во дејноста да не вложуваат и други лица; и да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати.

Што се однесува на земјоделците, тие имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално доколку нивниот приход во 2012 година не надминува 1.300.000 денари. Паушалното оданочување можат да го користат, без разлика дали земјоделието претставува нивна основна дејност или истата ја вршат како дополнително занимање.

OhridNews