На 16 и 17 јуни на Градскиот стадион во Охридво организација на ЈП Билјанини Извори, а со финансиска поддршка на SWG ( Regional Rural Development Standing Working Group ) во соработка со ЕУ се реализираше проектот Спорт и Култура.

  • Проектот имаше за цел да социјализира-дружи три фудбалски клубови од три различни градови ( Охрид, Корча и Струга ) и при тоа ние како организатори за да го постигнеме тоа ги избравме универзалните социјални инструменти спортот и културата. – изјавуваат од ЈП Билјанини Извори.
  • Овoј проект е прв меѓународен проект за ЈП Билјанини Извори и успешната реализација на истиот ни дава за право да се ангажираме и фокусираме на уште поголеми проекти кои ќе донесат повеќекратен бенефит за ЈП Билјанини Извори а со тоа и за нашиот град. – додаваат од Јавното претпријатие.

Екипите учесници имаа можност да го посетат Заливот на коските, стариот дел на градот и други знаменитости кои ги нуди Охрид.

OhridNews