Најпријатното изненадување од Мундијалот пред четири години во Бразил селекцијата на Колумбија немаше посакуван почеток на Светското првенство во Русија претрпувајќи минимален пораз од Јапонија (2-1).

„Самураите“ максимално го искористија киксот на колумбијците кои го направија во петтата минута од мечот. Потесната одбрана погреши на средината од теренот од јапонците организираа добар контра напад кој резултираше со пенал, а Санчез кој играше со рака во казнетиот простор доби црвен картон. Шинџи Кагава го реализише пеналот и донесе водство 1-0. Дефицитот на теренот не ги поколеба колумбијците, туку ги мотивираше да одиграат фантастично прво полувреме. Во 39-та минута Хуан Кинтеро изедначи на 1-1 погодувајќи од слободен удар.

Во второто полувреме јапонците ја смирија топката и комплетно ја презедоа иницијативата на теренот. Полека, но сигурно ја плетеа мрежата пред голот на Оспина кој капитулираше во 73-та минута. Највисок во скокот после корнерот изведен од Хонда беше Осако кој со помош на стативата донесе ново водство за својата селекција.

На колумбиската селекција не и помогна ниту влегувањето на Хамес Родригез кој поради повреда не го започна натпреварот од првата минута.

Шанса за поправен Колумбија ќе има против Полска во втората рунда, додека Јапонија ќе се сретне со Сенагал.

OhridNews