Макс Верстапен со Ред Бул победи на денешната трка за Големата награда на Лас Вегас во Формула 1, по неизвесна борба со возачите на Мерцедес и Мекларен. Холанѓанецот низ целта мина со само 0,639 секунди предност пред Ландо Норис, додека трет заврши Оскар Пјастри.

Трката на улиците на Лас Вегас донесе бројни претекнувања, промени во водството и драматична завршница. Верстапен успеа да ги одбие нападите на конкурентите и да ја забележи третата победа на оваа патека.

Новиот светски шампион Кими Антонели со Мерцедес беше меѓу главните претенденти за победата. Италијанецот во еден момент го презеде водството, но технички проблем во завршницата го чинеше место на подиумот. На крајот заврши четврти, со 2,574 секунди заостанување зад победникот.

Неговиот тимски колега Џорџ Расел, кој исто така се бореше за победата, направи грешка во 48. круг, удри во заштитната ограда и падна на деветтото место.

Петти заврши Пјер Гасли, пред Франко Колапинто, со што Алпин оствари двоен пласман меѓу првите шест. Луис Хамилтон со Ферари беше седми.

До крајот на сезоната остануваат уште две трки, во Катар и Абу Даби. Шампионските титули кај возачите и конструкторите веќе се обезбедени од Кими Антонели и Мерцедес.

OhridNews